Балкан

Бруталните убиства изнесоа стотици граѓани на улиците на Градачац: Системот не не заштитува од насилниците, живееме во страв

Бруталните убиства изнесоа стотици граѓани на улиците на Градачац: Системот не не заштитува од насилниците, живееме во страв

Неколку стотици граѓани се собраа на градскиот плоштад во Градачац, еден ден по егзекуцијата на Нермин Сулејмановиќ, кој уби три лица, меѓу кои и неговата невенчана сопруга.

Насобраните велат дека живеат во страв бидејќи системот не ги штити од луѓе како Сулејмановиќ. Поточно, прстот го вперија кон полицијата и судството.

Градачанци од вчера живеат во страв поради бруталното дивеење на 35-годишниот Сулејмановиќ кој изврши повеќекратни убиства.

Посебно застрашува податокот дека пред очите на јавноста ја ликвидирал својата невенчана сопруга, пренесувајќи се во живо преку социјалната мрежа Инстаграм.

Граѓаните со денешниот собир сакаа да пренесат дека се со сите жртви на семејно насилство.

Граѓаните тврдат дека случајот го пријавила во полиција, но очигледно немало соодветен одговор. Посебно ги загрижува фактот што надлежниот суд одговорил со одбивање да донесе мерка за забрана на Сулејмановиќ да и се приближува на својата невенчана сопруга, пренесува Klix.ba.

Еден од организаторите на денешната средба, Миралем Топаловиќ, наведува дека општеството е во последен момент кога мора да се преземат адекватни чекори.

„Државата потфрли во сето ова. Таа мора да направи нешто бидејќи сè се одвиваше во град кој е прилично мирен. Една жена која пријавила насилство е убиена. Она што е уште попогубно е што оваа личност половина час шетала низ градот со пиштол, влегувајќи во згради. Не се чувствуваме безбедни“, вели Топаловиќ.

Од друга страна, на улиците на Градачац се уште се забележува зголемено присуство на полицајци, а трагите од бруталниот чин се уште се присутни. Надлежните спроведуваат истраги и ги собираат сите соодветни информации, додека граѓаните стравувајќи за својата безбедност се движат низ јавните улици.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни