Свет

Будистички храм остана без монаси – сите земале метамфетамини

Будистички храм остана без монаси – сите земале метамфетамини

Будистички храм во Тајван остана без монаси поради најнеобичната причина. Сите биле зависници од дрога и биле испратени во центар за рехабилитација, пишуваат светските медиуми.

Четворица монаси, вклучително и игумен од храмот во областа Бунг Сем Фан во провинцијата Фечабун, биле позитивни на метамфетамини.

Монасите се испратени на клиника за рехабилитација, а храмот е празен.

Локалните жители се загрижени дека нема да има начин да се одржат богослужби во храмот. Поради оваа причина, на местото ќе бидат испратени и други монаси за народот да ги извршува верските обврски.

Тајланд е главна транзитна земја за метамфетамин, кој се увезува во Мјанмар преку Лаос. Според Обединетите нации, апчињата се продаваат за околу 0,50 долари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни