Балкан

Будва како на удар на ураган: Драматични снимки од Црна Гора – силно невреме го симна покривот од училиштето, катаклизма на сите страни

Будва како на удар на ураган: Драматични снимки од Црна Гора – силно невреме го симна покривот од училиштето, катаклизма на сите страни

Силен бурен ветер во Будва го симнал покривот од средното училиште „Данило Киш“ и од зграда во близина на Стариот град, при што оштетиле неколку автомобили.

На старата автобуска станица кај Стариот град ветерот ја однел покривната конструкција од блиската зграда и во таа прилика биле оштетени неколку автомобили, јави Подгорица вијести.

Будванската туристичка организација (ТО) соопшти дека поради силниот ветер вечерашната музичка програма на фестивалот „Јадрански стрит фуд“ е откажана.

Откажани се и детските програми кои беа планирани за денеска во рамки на манифестацијата „Биди во Будва“, информираат од ТО.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни