Македонија

„Бугарија го прекрши договорот за добрососедство“ – „Македонија да го заземе заслуженото место во ЕУ“, порача Брнз

САД активно работи на надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија од кои директно зависи Европската интеграција на земјава. Вицепремиерот Никола Димитров, вели дека Македонија сака решение, но истото смета дека не треба да се темели на уцени.

„Бугарија го прекрши членот 2 од договорот, кој што зборува дека Софија ќе ни помага на Европскиот пат, а нема да ни одмага, а најмалку ќе не блокира. Ние доживеавме две вета, доживеавме и проблематизирање на нешто што е многу внатрешно, нашиот јазик, македонскиот јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го напаравија вистинскиот искрен дијалог многу тежок“, изјави Никола Димитров – вицепремиер.

„Ние ја гледаме македонскат иднина во Европската унија и ја потврдуваме важноста на разрешавање на прашањата и се надеваме дека ќе продолжи до крајот на годината, продолжуваме разговор со сите партнери, разговор со Владата овде во Скопје, разговори со соседните земји и низ цела Европа да се погрижиме да направиме се што можеме за да го поддржиме движењето на процесот напред. Немам конкретна најава во овој момент освен да потврдам дека САД ќе се вклучи во ова прашање и во разговорите затоа што сите ја делиме истата визија Северна Македонија да го заземе аслуженото место во Европа и во ЕУ и се надеваме тоа ќе биде бргу“, изјави Кејт Мари Бенз – амбасадор на САД во РСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни