Свет

Бугарија и Романија чекаат голема одлука за Шенген

Бугарија и Романија чекаат голема одлука за Шенген

Европската комисија соопшти дека утре еврокомесарите на својата неделна средба ќе одобрат нова оценка за мерките преземени од Бугарија, Романија и Хрватска за исполнување на шенгенските правила.

Според портпаролот на ЕК, оценката ќе ја потврди подготвеноста на трите земји целосно да се приклучат на Шенген.

Оценката се очекува да ја претстави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Бугарија, Романија и Хрватска веќе го добија позитивното мислење од ЕК за влез во Шенген. Европскиот парламент ја поддржа оваа оценка и инсистираше трите земји да се приклучат на европската област без гранични проверки од следната година, а одлуката да биде донесена до крајот на оваа година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни