Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев е на работна средба во Скопје.
Во текот на разговорите ќе се разговара за организирање на претстојното одбележување на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, како и за заеднички акции за обезбедување мирна и безбедна средина за прославите на 4 февруари годинава.
Заедно со Демерџиев, во главниот град на Македонија ќе престојува и претседателот на ДАНС Пламен Тончев. Пред неколку дена премиерите на двете земји остварија телефонски разговор со цел да се избегнат ексцеси за време на прославата.
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ најави бдение на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Поддржувачите на партијата цел ден ќе го чуваат гробот за да се положат венци и цвеќиња во спомен на револуционерот.