Новото бугарско здружение кое требаше да го носи името на Цар Фердинанд во Богданци официјално добило известување дека е отфрлено од Централниот регистар.
Според образложението од Централен регистар тоа е направено поради неотстранување на на недостатоци.
„Заклучокот се донесува поради тоа што поднесителот на пријавата во законски определениот рок, не ги отстрани недостатоците наведени во уредно доставеното известување од 12.10.2022 година“, се вели во одговорот од Централен регистар.

Во известувањето не се прецизира дали точно името е недостатокот кој треба да се отстрани или пак имало и други проблеми.
Инаку Собранието донесе измени на законот за здруженија со кои бугарските здруженија се обврзуваат да ги променат имињата.