Во исчекување на утрешната официјална согласност од германскиот Бундестаг, од Франција се уште нема конечен став дали тие ќе дадат согласност за отворањето на пристапните преговори на земјава со Европската унија.
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за ТВ21 вели дека конечна одлука немаат, но дека евентуалното почнување на преговорите ќе биде чекор напред. Но сепак додава дека клучен момент и натаму останува владеењето на правото што значи продолжување на предметите на СЈО и крај на неказнивоста на политичките елити.
Францускиот став се уште се дефинира во моментот. Претходно имаше важни разговори за време на посетата на министерот за надворешни работи Димитров во Париз и беа земени во предвид сите позитивни аргументи кој ги изнесе тој за почетокот на преговорите и навистина ние ги кажавме и нашите размислувања, особено позитивните што беа постигнати врз база на напредокот особено со потпишувањето на Преспанскиот договор, изјави Тимоние.