Скендер Бузаку кој цели да биде претседател на ИВЗ, придружен од неколку имами, денеска повторно излезе пред јавноста со неколку документи за криминалот на претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Бузаку вели дека Сулејман Реџепи и неговите соработници ги злоупотребиле средствата преку хуманитарното здружение „Хилал“
Бузаку изјави дека Реџепи ја злоупотребил функцијата и со донациите од Турција за сиромашните и за поплавите во Сингелиќ.
Со реакција излезе Исламската верска заедница од каде Скендер Бузаку го оценуваат како класичен измамник. Велат дека тој ја измами јавноста со фалсификувани документи и известуваат дека против него покренале кривична пријава и дека ќе продолжат да покренат нови.
Инаку ова не е прв пат Бузаку да излезе со такви обвинувања. Пред неколку недели, Скендер Бузаку покрена обвинение против Реџепи за перење пари и продажба на визите за аџилак.