Македонија

„Чаирска романтика“ е само дел од наследството: Општина Чаир ќе го одбележи ликот и делото на Владо Јаневски

„Чаирска романтика“ е само дел од наследството: Општина Чаир ќе го одбележи ликот и делото на Владо Јаневски

Заминувањето на Владо Јаневски остави празнина во македонската музичка сцена, а Општина Чаир упати порака на сочувство до неговото семејство, најблиските и до целата јавност.

Од Општината истакнаа дека Чаир останува без еден од своите најпознати жители – човек, поет и музичар чии песни со години се дел од животот на многу генерации.

„Некогаш и негде“, „Ако не те сакам“, „Срце преку небото“ и „Чаирска романтика“ се само дел од неговото музичко наследство кое, како што велат од Општината, ќе продолжи да живее и да ја носи емоцијата што Јаневски ја оставаше преку своето творештво.

„Владо Јаневски нè учеше за љубовта, животот и човечноста. Неговите песни остануваат евергрини за многу генерации. Слава му!“, порачаа од Општина Чаир.

Во знак на почит кон неговиот придонес во културата и музиката, Советот на Општина Чаир најави дека ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на маестро Владо Јаневски.

Неговата музика, како што посочуваат од Општината, ќе продолжи да биде дел од колективната меморија и да живее преку неговите безвременски песни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни