Чај од нане и ментална подготовка: Вака Вучиќ се спрема за состанокот со Урсула фон дер Лајен!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм профил објави фотографија од Давос како се подготвува за средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– По синоќешната раклет, наместо ручек, чај од нане и ментална подготовка за средбата со Урсула фон дер Лајен – пишува на Инстаграм профилот на претседателот.

Претходно денеска претседателот учествуваше на дебатата „Нова евроазиска зора“, каде зборуваше за геополитичката и економската состојба во Европа.

Тој порача дека на цела Европа и е потребна посилна Германија, но посочи и дека никогаш нема да ја лиши Србија од кинеските инвестиции кои се клучни за силата на нашата економија.