Честитка од претседателот Џафери по повод Божиќ

Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, да го честитам големиот празник Божиќ на сите граѓани кои го слават по Грегоријански календар и воедно, да им посакам празникот да го поминат опкружени со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли во умот, јасни пораки за соживот и взаемна почит помеѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, топлина во семејството и напредок и благосостојба за вас, за вашите најблиски и за сите граѓани на Република Македонија.

Извор: ТВ21