Македонија

Четири часа се бореле со пламенот: Избувна пожар во куќа во Тетово

Четири часа се бореле со пламенот: Избувна пожар во куќа во Тетово

Тетовските пожарникари ноќеска четири часа гасеа пожар во куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“ во близина на Саат џамија. Нема повредени луѓе при пожарот.

– Пожарот избувна во куќа во која никој не живеел и била напуштена и немаше повредени. Од наша страна е интервенирано по пријава во 02:55 часот, целосно завршено беше гаснењето во 06.50 часот, информира Авни Амети, командант на тетовските пожарникари.

На пожарот работеле 12 пожарникари со четири возила.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни