Македонија

Четири кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(20) од село Џепчиште, тетовско, Г.Р.(24) и Б.Р.(25), двајцата од село Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 22.12.2018 година на локалниот пат село Џепчиште – село Требош, тетовско, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, управувано од второпријавениот, а прво и третопријавениот биле сопатници, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Л.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.04.2019 година во село Черкези, кумановско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Фолксваген Пасат Вариант“, при што пронашле и одзеле хероин.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни