Четири лица приведени, а со две е извршен службен разговор од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 06.05.2026 во 05:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(38) од Штип. И покрај тоа што од април 2026 година имало изречено судско решение да не се доближува и да не ја малтретира неговата сопруга, тој околу 01:00 часот отишол пред домот во кој живее неговата сопруга и по кратка расправија физички ја нападнал.

На 05.05.2026 во 21:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(55) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 25-годишен син, дека во семејниот дом му упатил закани со остар предмет.

Се вчитува...

На 05.05.2026 во 19:45 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(40) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговите родители, дека во семејниот дом, агресивно се однесувал, оштетил дел од покуќнината, при што им упатил и закани.

На 05.05.2026 во 06:00 часот во СВР Скопје, 18-годишник од скопско пријавил дека ноќта околу 00:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Сарај, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот 19-годишен брат. По преземени мерки, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со пријавениот.

На 06.05.2026 во СВР Охрид бил извршен службен со Г.Ј.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга, дека по кратка расправија ѝ упатил закани. Кај него се пронајдени и одземени пиштол, автоматска пушка и куршуми за пиштолот и пушката. оружје.

На 05.05.2026 во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Б.Г.(45) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга.

На 05.05.2026 во 14:00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К., кој употребил тврд предмет и ѝ нанел повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.