Четири лица загинаа во престрелка во болница во американскиот град Тулса, Оклахома.
Мртов е и напаѓачот. Тој бил вооружен со пушка и пиштол. Се верува дека напаѓачот, кој се уште не е идентификуван, се самоубил. Нема информации за мотивите за нападот.
Локалните медиуми јавуваат и за ранетите на вториот кат во болницата Свети Францис, каде што се случило пукањето.
Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден бил информиран.