Четиригодишно дете од село Матејче загина попладнево во тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Романовце, потврдија од кумановската болница за Канал 5.
До сообраќајката дошло при судар на два автомобили , денеска околу 14 часот во близина на бензинската пумпа Лукоил. Детото заедно со своите родители било во едно од возилата. Останатите учесници во сообраќајката поминале со полесни повреди.
Не е познато како дошло до несреќата.
Од Кумановската полиција потврдија дека се случила сообраќајна несреќа на патот Куманово – Романовце, но увидот сеуште е во тек и немаат детали. На лице место е и Јавен обвинител од Куманово.
Судирот се случил кога возилата излетале од патот.