Четиринаесетгодишен ученик бил нападнат од негов соученик во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар.
Од МВР за 4NEWS информираат дека случајот бил пријавен вчера во 13 часот во СВР Скопје од страна на Ф.А. (43) од Скопје. Таа пријавила дека околу 9 часот, во тоалетот на основното училиште, нејзиниот 14-годишен син бил нападнат од негов соученик со остар предмет.
При нападот, ученикот се здобил со расекотина во пределот на раката.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.