Четворица патници синоќа од автобуската станица во Битола околу 19 часот се качиле на автобусот кој рано утрово излета од патот и се преврти на влезот од Лесковац.
Како што дознаваме двајца патници имале повратен билет, а останатите двајца имале билет во еден правец.
Засега нема официјални информации каква е состојбата со лицата кои во автобусот влегле од Битола. По ова, автобусот заминал за Прилеп од каде се качиле уште 11 патници, па преку Велес, Скопје, Табановце, заминал за Виена. Имало и патници од други македонски градов.
Како што дознава ТВ 21, возачите се едниот демирхисарец, а другиот прилепчанец, но според податоци на ТВ21 не се повредени. Се знае дека се работи за автобус на компанијата „Еуробус“ од Струга.
Според изјавите од лесковачката болница, маж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот на влезот во Лесковац, Србија, каде преврте македонски автобус. Нема официјални податоци од кој град се загинатите лица.
Во болницата во Лесковац префрлени се 28 повредени патници, а во Ниш четворица.
Ј.П
