Балкан

Четврта жртва на невремето во Словенија: На брегот на Сава пронајден починат маж!

Четврта жртва на невремето во Словенија: На брегот на Сава пронајден починат маж!

Безживотно тело на маж е пронајдено денеска на неколку стотини метри од куќата во која живеел на брегот на Сава во Томачево, недалеку од Љубљана.

Според првичните информации, се претпоставува дека мажот загинал во поплавата, јавија локалните медиуми.

Полицијата спроведе истрага и продолжува да собира информации за сите околности на немилите настани, јавува РТВ Словенија.

Словенечките медиуми во петокот јавија дека три лица го загубиле животот како последица на невремето.

Според Генералната полициска управа, една жена била однесена од вода во месноста Камник, а двајца холандски планинари загинале од гром во планините во областа Крање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни