Чиле ги отвора границите после осум месеци

После осум месеци рестриктивни мерки поради пандемијата со коронавирус, Чиле од денеска го отвора главниот граничен премин и аеродромот за странски посетители.

Патниците, сепак, ќе мора да покажат негативен тест на коронавирус како и здравствено осигурување. Исто така ќе мора да го пријават местото на престој, а оние кои доаѓаат од високо ризичните земји, ќе мора да минат во карантин 14 дена.

Претседателот на земјата, Себастијан Пињера, повика на внимателност и на почитување на мерките.

Владата исто така планира постепено отворање и на другите аеродроми ширум земјата, и повторно активирање на туристичкиот сектор.

Чиле ги затвори границите на 18 март, две недели после првиот случај на Ковид-19. Од тогаш во оваа земја со 18 милиони жители се регистрирани 500 илјади случаи и 15 илјади смртни случаи.

.

Извор: ТВ21