Балкан

Човечки останки на жртва од последната војна во Косово се пронајдени на гробиштата во градот Призрен

Човечки останки на жртва од последната војна во Косово се пронајдени на гробиштата во градот Призрен

На гробиштата во населбата Арбана во градот Призрен, југозападно Косово, пронајдени се човечки останки на жртва од последната војна во Косово во 1998-1999 година, објави весникот „Коха диторе“.

Човекот чии останки беа пронајдени најверојатно е на списоците на исчезнатите во војната. Ова го потврди косовската владина комисија за исчезнати лица, додавајќи дека се пронајдени останките на најмалку едно лице, а местото каде што е ископано е меѓу локациите предвидени за истражување оваа година.

Ископувањето во Призрен доаѓа по завршувањето на работите во селото Биштажин (Бистражин), југозападно Косово, каде, според комисијата, е потврдено постоењето на масовна гробница.

Досега таму се пронајдени коските на четворица жртви од војната во Косово, една жртва беше откриена на почетокот на октомври , а последната – минатата недела.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни