Преку оглас на социјална мрежа, на 57-годишен маж од Бјеловар, Хрватска, кој сакал да заработи на криптовалути, му биле одземени повеќе од 28 илјади евра, соопшти бјеловарската полиција.
Измамениот пријавил дека во мај годинава на социјалната мрежа нашол оглас за тргување со криптовалути. Откако платил пари за купување криптовалута, добил неколку телефонски повици од странски телефонски броеви во кои барале да плати пари за провизија, осигурување и данок врз основа на остварениот профит.
Човекот во неколку наврати ги плаќал бараните суми, но не ја добил добивката од инвестирање во криптовалути, поради што бил оштетен за повеќе од 28.000 евра.
Измама пријавила и 61-годишна жена која на социјална мрежа пронашла оглас за позајмување. Контактирала со огласувачот на кого му ги дала личните и банковната сметка.
За да го врати кредитот, од 61-годишната жена во три наврати било побарано да плати пари за нотарски трошоци и данок. Но, откако ги платила сите трошоци од над две илјади евра, не добила кредит.
Полицијата предупредува дека е потребна дополнителна претпазливост при инвестирање или кредитирање преку огласи на социјалните мрежи, бидејќи голем дел од ваквите огласи се лажни и насочени кон измама. Посебно треба да се сомневате во понудите кои ветуваат сигурна инвестиција, загарантиран принос и голем профит, а во случај на кредитирање многу поволни услови за реализација и враќање на кредитот.
„Би било добра идеја да побарате непристрасен финансиски совет пред да направите такви парични трансакции. Ако еднаш сте инвестирале во измама, измамниците веројатно повторно ќе ве таргетираат или ќе ги продадат вашите информации на други измамници, па затоа внимавајте на идните измами“, предупредува полицијата.
извор: Индекс.хр
