Човекот кој се запали пред Владата на Хрватска е во животна опасност

Претставниците на Клиниката за трауматологија, кажаа дека мажот кој се поли со бензин и се запали пред Владата денеска, е во животна опасност.

„И покрај реакцијата на Итната помош, и покрај навременото спроведување на итните мерки за интензивно лекување, животот е во опасност поради обемот на повредите“, рече д-р Видовиќ, додавајќи дека има изгореници од четврти степен.

„Прогнозата е лоша, но да му дадеме шанса да преживее. Ќе направиме се што е можно да го спасиме“, изјави Видовиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното