Актерите од Националниот театар во Гостивар, Арѓенд Хасани и Берат Салиу, кои со полиција беа изнесени од просториите на театарот, синоќа во емисијата „Клик Плус“ се соочија со режисерот Сулејман Рушити. Двајцата побараа да дознаат зошто се исклучени од претставата „Натан мудриот“ и зошто им е раскинат договорот без нивно знаење?
И актерот Берат Салиу, вели дека не ја знае причината поради која бил исклучен од претставата.
Режисерот Сулејман Рушити, вели дека Арѓенд самиот ја напуштил претставата и дека не покажал почит кон него како режисер.
Директорот на гостиварскиот театар, Висар Вишка, иако беше поканет во емисијата, сепак одби да учествува во дебатата. Меѓутоа, се вклучи телефонски и рече дека со горенаведените актери ќе се видат на суд.
Неизвесно е кога ќе се одигра премиерата на претставата „Натан мудриот“. Инаку, Националниот театар во Гостивар е основан на 31 октомври минатата година.