Првата дама на САД, Меланија Трамп зборуваше за прв пат откако вчера беше објавено дека нејзиниот сопруг Доналд Трамп ги загуби изборите и го повтори својот став дека треба да се преброи секој законски даден глас.
„Американскиот народ заслужува фер избори. Секој легитимен глас треба да се брои, а не незаконски. Ние мора да ја заштитиме нашата демократија со целосна транспарентност“, напиша таа на Твитер.
Си-Ен-Ен претходно објави, повикувајќи се на неименуван и добро информиран извор, дека таа приватно му рекла на сопругот дека треба да прифати пораз.
.
