Македонија

Д-р Чибишев за трагедијата во „Пулс“: Ова беа најтешките денови во мојата кариера

Д-р Чибишев за трагедијата во „Пулс“: Ова беа најтешките денови во мојата кариера

Денес се навршува една година од трагедијата во дискотеката ,,ПУЛС,, во која згаснаа многу млади животи а голем број присутни таму таа вечер беа повредени, пишува проф. д-р Андон Чибишев денеска на својот Фејсбук профил.

Како што вели, овој ден, но и наредните 30 биле најтешкиот период во неговата докторска кариера.

„На Универзитетската клиника за токсикологија беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти заради акутно труење со отровни гасови а во периодот кој следеше поминаа и голем број на пациенти кои таа вечер биле присутни во дискотеката.

Со крајно професионална, стручна и посветена работа и грижа целокупниот персонал на Клинката успеа да ги стабилизира овие млади пациенти и тие сите денес се со своите семејства.

Упатувам искрена благодарност до целокупниот персонал на Универзитетската Клиника за токсикологија и сите сродни клиники и институции кои во тој тежок период ни даваа логистика и несебична помош во справување со оваа трагична ситуација.

Бог да ги прости сите кои ги изгубија животите.

Господ да им даде сила на сите кои изгубија блиски во несреќата да продолжат понатаму.

Никогаш повеќе да не се повтори“, напиша Чибишев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни