Македонија

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

„Органодарителството претставува највисок чин на човекољубие, нема поголема вредност за човештвото воопшто“

Ова денеска го порача д-р Сашо Дохчев, хирург од Универзитетската клиника за урологија.

Како што вели, на Клиниката за урологија имаат историски успешна приказна во процесот на трансплантација на бубрези.

„Приказната датира уште од далечната 1977 година, кога е направена првата трансплантација. Досега имаме направено 530 трансплантации, од кои 99 се од кадавер, односно починат пациент. Иако ова се импозантни бројки за Македонија, сепак се недоволни да ги задоволиме потребите на нашие пациенти за органи. Кај линвиг-донор трансплантацијата мотивацијата кај донорите е многу поголема затоа што донираат орган за својот најблизок член на фамилијата. Меѓутоа кога се работи за кадаверична трансплантација, тука имаме недоволен број на регрутирани донори, што зависи од нас самите граѓани. Ние сме потенцијални дарители на органи после нашата смрт. Затоа апелирам до сите граѓани на нашата држава да се подигне свеста за органодарителството, затоа што голем број на пациенти чекаат за добивање на орган за трансплантација. Од еден починат донор може да се спасат четири нови животи, ако се направи успешна трансплантација. Тоа се два пациенти што ќе добијат бубрези, да се спасат и да живеат нормален и убав живот. Еден пациент со црн дроб и еден пациент со трансплантирано срце. Затоа е многу важно да ја подигнеме свеста, да знаеме дека од секој починат човек, нормално, според утврдени критериуми, од националиот координатор биде потенцијален донор и да сите ние ги даруваме нашите органи после нашата смрт. Со тоа ќе спасиме многу животи за да може да профункционираат во иднина“, вели д-р Дохчев.

Д-р Дохчев со поддршка на кампањата, потенцирајќи ја успешната приказна во процесот на трансплантација на бубрези која датира уште од далечната 1977 година.

Министерството за здравство, заедно со сите чинители продолжува со оваа кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни