д-р Кузмановска најавува: Личната волја за донорство ќе стане непрекосновена со новиот закон

Со цел да се олесни процесот на донирање органи и да се тргне емотивниот товар од семејствата, се подготвуваат измени во Законот за трансплантација. Како што објасни д-р Кузмановска за 4tv.mk, новиот закон ќе овозможи секој граѓанин кој сака да биде донор да може да се запише кај својот матичен лекар.

„Во такви случаи, личната волја на поединецот ќе биде непрекосновена, што ќе спречи ситуации каде поделени мислења во семејството водат до негативен одговор,“ истакна националниот координатор за 4tv.mk. Иако според сегашниот закон сите сме потенцијални донори доколку експлицитно не сме се изјасниле против, во пракса семејството секогаш го има последниот збор. Овие регистри ќе бидат строго тајни и заштитени, со можност за отпишување во секое време. Во моментов, околу 200 пациенти во Македонија чекаат на трансплантација која зависи од кадаверичен донор.