Македонија

Д-р Владимир Чадиковски дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го прошири својот стручен тим со
еминентниот и искусен специјалист по детска хирургија и супспецијалист по детска
кардиохирургија д-р Владимир Чадиковски.

Со потпишувањето на договорот со д-р Чадиковски и благодарение на неговата
експертиза, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се создадени услови за
изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца.

По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца
во земјава, д-р Владимир Чадиковски, со Клиничката болница „Аџибадем Систина“
очекуваме соодветна институционална поддршка од здравствените власти.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни