Маријана Матеус, неодамна го прослави својот педесетти роденден.
Таа ја организираше гала прославата во Будимпешта, а фактот што не штедеше за тој настан се гледа и на фотографиите што дизајнерката ги објави на нејзиниот профил на Инстаграм.
Избра елегантен бел фустан, со посебни детали од предната страна и ракави. Креацијата ја истакна нејзината витка линија.
Матеус позираше со насмевка покрај катната бела торта со голема буква М во злато.
