Дали гледате куче или мечка? Фотографија од Марс стана вирален хит на Твитер

ЛУЃЕТО отсекогаш се прашувале дали има живот на Марс, но малкумина би очекувале да видат мечка на Црвената планета. Сепак, токму тоа многу корисници на Твитер го забележаа на површината на Марс благодарение на неодамна објавените фотографии на НАСА.

Необична фотографија

На почетокот на оваа недела, НАСА објави фотографии направени од HiRISE (High Resolution Imaging Science Experiment), најмоќната камера некогаш испратена на друга планета, на Mars Reconnaissance Orbiter.

Фотографиите се направени на 12 декември минатата година и вклучуваат неверојатни сцени од ударни кратери и мистериозни гребени. Но, една фотографија го привлече вниманието и имагинацијата на гледачите поради формацијата која неверојатно наликува на лице.

Куче или мечка?

Фотографијата почна да кружи на социјалните мрежи, а твитерџиите почнаа да пишуваат дека „лицето од Марс“ е всушност двојник на мечката Падингтон, додека други се убедени дека тоа е претстава на иконата Dogecoin, криптовалута со ликот на куче.

Мистеријата е решена

Според тимот на геолози и научници кои раководат со HiRISE, мистериозната фигура се состои од рид со срушена структура во облик на V што формира нос, два кратери кои даваат илузија на очи и кружна шема што создава илузија на глава. .

spot_img

Најважното