Балкан

Дали момчето (11) што се удави во Грција е син на познат актер? Телото го пронашол сосед

Дали момчето (11) што се удави во Грција е син на познат актер? Телото го пронашол сосед

Страшна трагедија се случи на Фурнос Икарија каде е пронајдено мртво единаесетгодишно момче, пишува Иефимерида.

Детето излегло од дома околу 14 часот, но не се вратило. Околу 18.00 часот неговата мајка се загрижила дека нејзиниот син подолго време го нема и ги известила надлежните, прогласувајќи го за исчезнат.

Истрагата почнала веднаш, а нешто по 20 часот сосед го пронашол безживотното тело на детето.

Според првите информации, единаесетгодишното момче отишло на пливање и починало од непозната причина, не е потврдена информацијата дека се заплеткало во мрежи.

Според извори на грчките медиуми, станува збор за дете на познат актер.

11-годишното дете со возило на Итна медицинска помош било пренесено во селската клиника на островот, каде била констатирана смрт, а телото се очекува да биде испратено на обдукција за да се утврдат причините кои довеле до неговата смрт.

Одделот за пристаниште Фурни го истражува случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни