Свет

Дали ни претстојат геомагнетни бури за време на Страсната седмица?

Дали ни претстојат геомагнетни бури за време на Страсната седмица?

На 8 април, вселенското летало СДО на НАСА сними значителен одблесокот во југозападниот регион на Сонцето. Досега, астрономите не очекуваат сончевиот ветер да комуницира со магнетосферата на Земјата и да предизвика геомагнетна бура.

За време на Страсната седмица прогнозата е за слаби пореметувања на геомагнетното поле. Веројатноста тие да се развијат во геомагнетна бура е околу 20 проценти.

Сепак, регионот каде што беше забележан сончевиот одблесок на 8 април останува активен. Сликата од лабораторијата за соларна динамика на НАСА, исто така, јасно ги покажува дамките на нашата ѕвезда.

Веројатно е геомагнетно нарушување околу 16 април. Се чекаат дополнителни податоци дали доаѓа слаба геомагнетна бура.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни