Дали ова е нормално? Убил мајка и детенце, а сега се собираат потписи да биде пуштен од затвор бидејќи бил „многу убав“!

Лудилото на социјалните мрежи се чини дека го достигнува својот максимум.

Имено, корисниците на платформите Тик Ток и Твитер се залагаат Камерон Херин да излезе од затвор, односно да му се укине затворската казна затоа што е „многу убав“.

Имено, во месец април оваа година 21-годишниот Херин бил осуден на 24 години затвор откако се изјаснил за виновен за смртта на Џесика Робенолт и нејзината 20-месечна ќерка Лили.

Тој ги удрил со автомобил додека се тркал низ градот.

По изрекувањето на казната, голем број на луѓе, меѓу кои повеќето жени, на социјалните мрежи почнаа да споделуваат статуси и снимки со хаштагот „правда за Камерон“, една од тик токерките Хана Кош во видео вели дека корисниците отишле толку далеку што потпишале петиција за ослободување на лицето од затвор.