Беше најгласен на протестот на земјоделците што се одржа в сабота. Митко Јанков, увери дека протестот нема политичка позадина. Дури покажа и партиска книшка од СДСМ.
Но, фотографиите на неговиот профил говорат поинаку. На социјалните мрежи, бројни коментари доби и присуството на девојка во брендирана кошула , која всушност е ќерка на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Павлинка Честојанова. Оваа и многу други фотографии беа споделени на социјалните мрежи по протестот, на кој како што велат од СДСМ, повеќето демонстранти биле од ВМРО-ДПМНЕ.
Неодамна на интернет се појави и аудио-снимка, во која, како што се вели, се слуша Цветан Трипуновски како ги организира протестите на земјоделците, како ги ориентира и им објаснува како да постапуваат понатаму. Лицето од видеото, им вели на земјоделците 7 дена по протестот да започнат и штрајк. На прашањето дало тоа е гласот на Цветан Трипуновски, од ВМРО-ДПМНЕ со одговор дека Трипуновски само ги поддржал земјоделците, ништо повеќе.
Министерот за земјоделство, Димковски, вели дека протестот бил непотребен. Додава дека барањата на земјоделците веќе се реализирани. Земјоделците на саботниот протест побараа исплата на субвенциите и му дадоа рок на Заев од 7 дена да се сретне со нив, инаку, како што порачаа, ќе ги радикализираат протестите и ќе блокираат автопати. Ултиматумот не е потребен, бидејќи нашите врати секогаш се отворени за разговори со нив, тврди Димковски