Премиерот Заев, му одговори на лидерот на Беса, Биљал Касами, во врска со прашањето што Касами го покрена вчера за етничката припадност во личните документи. Премиерот, прашан од од ТВ21 рече дека се што е договорено, ќе се случи во соодветно време и според предвидените рокови со закон.
Вчера лидерот на Беса, Биљал Касами, рече дека Заев не го почитува договорот постигнат пред уставните измени.
„Оваа постапка на премиерот и Владата уште еднаш покажа дека СДСМ од Албанците бара само гласови, а не изразува подготвеност и волја за исполнување на легитимните барања на Албанците. Го повикуваме Заев да го повлече од собраниска процедура Законот за лична карта, да го коригира согласно постигнатиот договор за време на уставните измени, и да го испрати како предлог и дополнет со графата за етничка припадност“, рече Касами.
Од влада велат дека предлог законот за лични документи, има технички карактер и дека измените треба да се хармонизираат со Законот за прекршочна постапка.
Потсетуваме дека двајцата пратеници на Движење Беса, ги поддржаа уставните измени по постигнатиот договор меѓу Заев и Касами, дека во личните карти ќе има и графа за етничката припадност.