Македонија

Дали заглави постапката за школото во Идризово? – Гази Баба не доставила документи до министерство, родителите скептични

Државата вети изградба на основно училиште во Идризово, но процесот за обезбедување на документацијата се одложува. И министерот за образование, Арбр Адеми потврди дека не е доставена документација. Тој дури вели дека училиштето не може да биде изградено за толку краток период како што било ветено.

ТВ21 побара одговор од општина гази Баба, но никој од таму, ниту градоначалникот Борис Георгиевски не ни одговорија. Од друга страна, родителите се чини како да ги изгубија сите надежи за изградба на училиштето. Ризван Сефери, револтиран вели дека ветувањето било лажно.

И Бајрам Бејта од Советот на родители поседува договор што го имаат потпишано градоначалникот Борис Георгиевски и членовите на Родителскиот совет. Според овој договор, општина Гази Баба до 31 ноември треба да ги достави потребните документи во МОН.

Инаку, откако овие 11 ученици изгубија два месеца од наставата, тие на крајот почнаа да одат во училиште. Деветмина од нив одат во ОУ “Кочо Рацин“ во Огњанци со организиран транспорт од општина Гази Баба, а двајца други одат во училиштето во Чаир.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни