Дали знаете дека постои апликација преку која можете да дознаете какво е расположението на вашата мачка?

Сите сопственици на мачки кои сакаат да ги фотографираат своите миленици, отсега можат тоа да го прават и преку апликацијата „Табли“.

Се работи за апликација која открива во какво расположение е вашето милениче и дали нешто го боли.

„Апликацијата им помага на сопствениците на мачки да знаат дали нивната мачка нешто ја боли или не. Успеавме „да ја обучиме машината“, користејќи компјутерско учење и голем број слики“, изјави Мише Прист, претставник на канадската компанија за здравствена технологија за животни, „Силвестер.аи“.

Имено, едно испитување од 2019 година открива дека т.н. „скала за гримаси на мачките“ е валидна и сигурна алатка за проценка на болка кај мачките.

Програмата со помош на камерата од телефонот ја следи положбата на увото и главата на мачето, стеснувањето на очите, напнатоста на муцката, мустаќите…

Исто така, апликацијата може да им помогне и на младите ветеринари, кои се уште немаат доволно искуство.

Ветеринарите велат дека оваа апликација може да биде корисна, но сопствениците треба да го испитаат целото тело на миленикот, вклучувајќи ја и опашката, со цел да ја одредат нивната благосостојба.