Македонија

Данела го закатанчила службениот влез: Кога оди на работа, Славески Трајко се најавува како гостин кај Трајко Славески

Данела го закатанчила службениот влез: Кога оди на работа, Славески Трајко се најавува како гостин кај Трајко Славески

Нов скандал во Град Скопје го тресе Советот со кој управува Трајко Славески, неофицијално дознава „Фокус“.

Порталот пишува дека од пред два дена комплексот бараки на Град Скопје е закатанчен и дури и на претседателот на Советот му е забранет службен влез, па и тој мора да се најавува како сите гости кои доаѓаат во посета кај него.

Па така, самиот претседател на Советот пополнува образец на име Трајко Славески, како граѓанин кој оди во посета кај  претседателот Трајко Славески, а потоа на заминување го враќа образецот на пртирница потпишан од „органот“ што го примил, т.е. самиот тој.

Ова е сигурно наредба на Данела Арсовска. Ништо не може да се направи без нејзино знаење, вели Славески во изјава за „Фокус“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни