Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев, денеска во Собранието на Република Македонија одржа прес-конференција на која што покрај објаснувањето за предлог законот за амнестија на инволвираните на настаните на 27 април, одговораше на неколку прашања од новинарите. На прашањето за став на исклучувањето од партијата на Сашо Мијалков и на неговото писмо испратено до Христијан Мицкоски, Данев со став:
„Проблемите ќе ги решаваме внатре во партијата. Семејството Мијалкови дале голем придонес и во осамостојувањето на државата, и во водењето и издигнувањето на ВМРО ДПМНЕ, и не би коментирал понатаму“, рече Данев.
