Поврзи се

Македонија

Данев: Власта треба да ги почитува препораките на Венецијанската комисија, такво нешто бара и нон-пејперот на Франција

Published

on

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, исткана дека власта мора да ги почитува препораките од Венецијанската комисија за Законот за јазиците, а почитување на препораките се бара и од Франција на нон-пејперот.

„Власта ја загрозува европската иднина на Македонија. Венецијанската комисија јасно потенцираше дека Законот за употреба на јазиците е спротивен на Уставот и надвор од европските практики.

-Текстот продолжува по рекламата-

Почитувањето на препораките на Венецијанската комисија е обврска за Република Македонија. Нон пејперот на Франција според кој ќе се изготви новата методологија за почеток на преговори со Унијата бара и почитување и имплементацијата на кажаното од Венецијанска комисија.

Забелешките на Венецијанска комисија се во согласнот со забелешките на ВМРО-ДПМНЕ кои ние како партија ги поднесовме уште пред година ипол, кога владината коалиција насилно го туркаше злоупотребувајќи европско знаменце.

СДСМ не смее да си поигрува со европската иднина на државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани со цел измена и дополнување на Законот за употреба на јазиците и негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија.

ВМРО -ДПМНЕ се грижи за иднината на државата и нема да дозволиме никој да ја загрози. СДСМ да се охрабри и да ги поддржи амандманите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Данев, пратеник во Собранието на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com