Актерот Даниел Крејг, ѕвездата на филмовите за Џејмс Бонд, ја доби својата ѕвезда на Холивудската патека на славните, туристичка атракција во Лос Анџелес.
Ѕвездата, 2704 по ред, е посветена на актерот за време на церемонијата на 6 октомври.
Ѕвездата ќе биде поставена на булеварот Холивуд 7007, што е почит кон популарното кодно име на неговиот лик, и ќе се наоѓа веднаш до ѕвездата на еден од неговите претходници, Роџер Мур.
Филмот веќе постигна голем успех во кината.
Тој оствари профит од 22 милиони долари во првите два дена по излегувањето на пазарите, вклучувајќи ги британските, ирските, германските и данските, објавија производителите.
