Дара Бубамара вложува во образованието на синот – наследникот запишан на престижно училиште

Дара Бубамара на последното интервју се пофали со својот син Коста, кој го добила во бракот со Милан Кесиќ.

„Тој тргнува во англиско училиште во Белград следната година. Баш е паметен, бистар и воспитан. Не сака да се експлонира, па понекогаш ми е жал што другите не можат да видат какво е дете е он. Се повеќе напрадува и во спортот со кој се бави“, вели пејачката во српската емисија „Ексклузивно“.

Таа вели дека нејзиниот син и кажува дека му е како другарка.

„Тоа е затоа што сум јас вечно девојче, како Кајми Миног. Мислам дека ќе останам ваква цел живот. Таква беше и мојата мајка. Беше голем борец и секогаш мислење дека се може поуспешно и подобро, а јас сум иста таква. Никогаш не ми е доста од работа, хитови… Мислам дека тек сега ќе го дадам својот максимум. Еве, ова лето, во секој град настапувам пред 2.000 луѓе, а настапувам секој ден. Моето вистинско време сега доаѓа“, уверена е Дара.

Дара додава дека не само што во Србија и дијаспората ја знаат, туку и во Турција кога била на одмор со момчето и приоѓале Турци и сакале да се сликаат со неа.

„Јас ги прашувам зошто, а тие ми велат „затоа што си ѕвезда“, додава Бубамара.