Дарко Лазиќ поради алиментацијата на суд со поранешната

Дарко Лазиќ треба да плати 32 алиментација на поранешната сопруга Ана Севиќ за неговата ќерка Лорена.

Тие се венчаа пред седум години.

Иако фолкерот одамна вети дека ќе го плати целиот долг на Севиќ, а дополнително јавно се пофали и дека „се претплатил“ на својата ќерка, правдата ќе се бара на суд.

Имено, Ана пред две години одлучи да поднесе тужба против Дарко за да го добие она што и припаѓа на нивната наследничка. „Мора да се признае, на водителката и пејачка не им се потребни пари затоа што нејзиниот сегашен сопруг Данијес е добро обезбеден, но таа го прави сето тоа затоа што наводно Дарко е несовесен и не се грижи за своето дете.

Дарко претходно се правдаше дека е во лоша финансиска состојба и дека нема пари да ја плати ратата на поранешната сопруга. Ана го преболе и не инсистираше, но сега кога Дарко не знае што да прави од работа, сака тој да си ги подмири обврските“, посочува извор.

Инаку, Дарко има две деца, ќерката Лорена од првиот брак со Ана и син Алексеј кој живее со неговата поранешна невенчана сопруга Марина Гагиќ.

Во последно време, Дарко секојдневно објавува фотографии со својата девојка Бобана Бобак, која се прослави покрај него.