Во однос на двојното државјанство, претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека го поддржува ограничувањето за пратениците, но смета дека тоа треба да важи и за други високи функционери, вклучително и претседателот, премиерот и министрите.
Таа појасни дека ваквото решение не го укинува правото на двојно државјанство, туку предвидува негово замрзнување за време на извршување на функцијата.
Претседателката говореше и за можноста ваквите ограничувања да се уредат со посебни закони, како што веќе е случај со одредени безбедносни функции.
