По повеќе од една година, повторно се среќаваат дедото на Тамара, Љупчо Стојановски и екс министерот за здравство, Никола Тодоров. Средбата се случи пред вратите на Министерството за здравство за да се симулира настанот од 1 јуни минатата година кога дедото на Тамара пукаше со огнено оружје во Тодоров.
Но, екс министерот вели дека дедото на Тамара имал за цел да го убие.
Адвокатката на одбраната, Павлина Зефиќ рече дека треба да се разгледа како навистина се одвивала случката.
Судијката која одблизу ја гледаше симулацијата на настанот, рече дека случајот од 1 јуни минатата година повторно ќе биде разгледан.. Реконструкцијата на настанот следи откако Апелација ја укина првостепената одлука со која дедото на Тамара беше осуден на 7.5 годиншна затворска, и процесот почна од почеток. Сега ќе се прави балистичко вештачење.
Дедото на Тамара пукаше кон Тодоров, но не го погоди, на први јуни 2017 година, на скалите пред Министерството за здравство. Десетгодишната Тамара Димовска од Велес почина во февруари 2015 година чекајќи ги ветените средства од министерството. Тамара имаше тежок деформитет на рбетнот столб. По нејзината смрт беа организирани неколку протести на кои се бараше оставка од тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.
Репортер: Африм Јонузи
