Повеќе од два часа делови на градот Струмица се без електрична енергија. Нема во населбата Карпош, во Чифлик маало, горниот дел на градот околу старата џамија, околу општинската зграда и струмичкото корзо, булеварот „Ленинова“, кај пазарот Чешел, Добрејци и други места.
Од ЕВН Македонија информираат за Радио СтрумицаНет дека во моментот преку системот на централата во Скопје се лоцира дефектот, а екипи на ЕВН се упатени кон Струмица за санирање на дефектот. Се прават напори преку алтернативни линии корисниците да добијат електрична енергија во најкраток рок.
Во моментот во прекин се и интернет врските, нема кабловска телевизија.
Извор: Strumicanet.com