https://www.facebook.com/tv21hd/videos/2022906584440218/
Се чини дека вечерва нема да се гласа за уставните измени. Тоа може да се забележи по излегувањето на дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ од Собранието, а која беше „фатена“ од камерата на ТВ21.
Во овој дел беа Антонио Милошоски и Крсто Јовановски. На прашање на репортерот на ТВ21 дали и дефинитивно го напуштаат Собранието и нема да се вратат, двајцата одговорија спротивставено.
„Тука сме, тука сме“, рече кусо Милошоски.
„Во вторник, во вторник“, изјави Јовановски, притоа не објаснувајќи на што се однесува тоа.
„Во вторник, убав ден“, заврши Јовановски.
Останува нејасно дали со ова сакаше да се каже дека во вторник ќе има седница на уставни измени.
И натаму официјална информација што ќе се случува вечерва во Собранието каде што седницата за уставни измени требаше да почне во 15 часот. Претходно од Собранието излезе и Премиерот Зоран Заев кој исто така не кажа со сигурност што ќе се случува, само дека се прават обиди да се обезбеди мнозинство. Видеото со изјавата на Заев ексклузивно за ТВ21, можете да ја видите на следниот ЛИНК.
Извор: ТВ21
