Наука и технологија

Дел од ракетата на СпејсЕкс ќе се урне на површината на Месечината

Дел од ракетата на СпејсЕкс ќе се урне на површината на Месечината

Дел од ракетата Фалкон 9 на компанијата СпејсЕкс, тежок околу четири тони, денес ќе се урне на површината на Месечината со приближно 8.400 километри на час, соопшти американската Национална аеронаутичка и вселенска управа (НАСА).

Според агенцијата, судирот на потрошената степенка, која од минатата година лебди во вселената, не претставува опасност за Земјата, но ќе остави нов месечев кратер и ќе овозможи натамошни научни истражувања, пренесе Гардијан.

Објектот со големина на училишен автобус е втората степенка од ракетата Фалкон 9 што во јануари 2025 година лансираше месечев слетувачки модул кон Месечината.

Научните екипи очекуваат ударот да открие податоци за составот и структурата на горните слоеви на месечевата почва, што ќе придонесе за подобро планирање на идни роботски и пилотирани мисии.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни